Чартерот за дома откажан, Уругвај си замина од Мундијалот со комерцијални летови

107

Репрезентацијата на Уругвај шокирачки е елиминирана уште во групната фаза од Мундијалот. Јавноста во оваа земја не може да поверува што се случи, затоа што Уругвај беше рангиран како еден од скриените фаворити. Сепак, оваа селекција прописно се обрука и си замина дома. Но како?

Според последните информации, Фудбалската федерација на Уругвај го откажала чартер летот од базата на уругвајците во Мексико, во местото, Плаја дел Кармен, и со тоа ги натерала репрезентативците да си заминат дома со комерцијални летови.

Ова е дефинитивно шокирачки, затоа што на највисоко фудбалско ниво како што Мундијалот вака работите не функционираат во принцип. Сепак, за се има прв пат, па и за овој вид на „казна“ за уругвајците кои што ги чека тежок период очигледно.

 

ПретходноРасел е победник во супер трката во Австрија
СледноДејан Михајловиќ е верен на РК Бутел Скопје