Турчинот Саглам ќе му суди на Вардар на првиот меч, судии од Шкотска за реваншот во Финска

122
ФОТО:facebook.com/Feneristcom/photos

Кадир Саглам (40) од Турција е одреден за главен судија на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите меѓу Вардар и КуПС. Исто така од Турција се неговите помошници како и судиите во ВАР собата.

Да потсетиме дека овој меч се игра на 7 јули на Арената “Тодор Проески“ во Скопје од 19 часот.

Познато е дека реваншот во Финска се игра седум дена, на 14 јули и тоа од 17 часот по македонско време. За овој меч задолжени ќе бидат судии од Шкотска на чело со Метју МекДермит како главен.

ПретходноОдиграни мечевите од првото коло од квалификациите на М25 Скопје турнирот
СледноПознати се судиите на мечевите на Шкендија и Силекс во 1.квалификациско коло во ЛК