“Овој уште е во пубертет, овој не може да биде селектор на Германија…“

596
ФОТО:facebook.com/DFBTeamEN/

Некогаш Германија беше фудбалска велесила. Некогаш Германија играше најмалку во финале, а освојуваше и пехари на големите натпреварување, на ЕП и СП. Сега веќе и дефинитивно не е така. Синоќа “Панцерите“ беа поразени од Парагвај на пенали и тоа во 1/16 финалето на СП. Се разбира дека допрва следуваат критиките за германскиот тим, а посебно за селекторот Јулиан Нагелсман кој и дефинитивно потврди дека ова е преголем залак за него.

Познатиот аналитичар Раде Богдановиќ имаше интересен коментар за селекторот на Германија и за тоа што се случи на мечот со Парагвај…

Таа Германија, особено нејзината селекција, еуфоријата околу селекторот затоа што е млад, мислам дека е многу лоша.Голманот не може да биде постар од селекторот. Во минатото, селекторот беше во сериозни години, а овој уште е во пубертет“.

Колку за потсетување, Мануел Нојер има 40 години, додека селекторот Нагелсман има 38 години.

ПретходноКрај и за Холандија: Мароко по пенал – серијата со пласман во 1/8 финалето!(ВИДЕО)
СледноЃорческа VS Анисимова денеска на Вимблдон: Македонија навива за Лина!