Екипата на Евертон ја запиша четвртата победа во Премиер лигата, а на домашен терен е совладан Норич со 2:0 во рамките на 6. коло. Додека „карамелите“ и Рафа Бенитез ликуваат, на спротивната страна Норич и Даниел Фарке впишаа негативен рекорд во најсилната англиска лига.
Фарке го забележа 16-тиот пораз по ред во Премиер лигата што е најдолга црна серија на еден менаџер.
Инаку головите на Евертон ги постигнаа Таунсенд во првото и Докуре во второто полувреме.
А на „Еланд Роуд“ интересен меч и победа на Вест Хем над Лидс со гол во последните секунди од мечот. Рафиња погоди за водство на Лидс по првото полувреме, а Вест Хем изедначи со автогол на Фирпо. Се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, но Марко Антонио во последните секунди од мечот ја затресе мрежата на домаќините и ја донесе третата победа за Вест Хем сезонава.
А и Барнли со гол во последните секунди славеше на гостувањето кај Лестер со 3:2. Варди постигна автогол за водство на Барнли, а потоа постигна и два гола за Лестер. Барнли во финишот постигна гол но истиот беше поништен по реакција на ВАР собата и двете екипи поделија по бод.
Вотфорд и Њукасл одиграа 1:1, претходно Сити го совлада Челзи на „Стемфорд Бриџ“ со 1:0, а Астон Вила славеше на „Олд Трафорд“ со 1:0.