Борче Христов седнува на клупата на Пелистер

188

Борче Христов е нов тренер на екипата на Пелистер. Како што објавија од битолскиот состав, Христов ќе го предводи тимот во следните две години.

„Станува збор за тренер со богато искуство во македонскиот фудбал, но и со значајно меѓународно искуство, кој во својата кариера бил дел од повеќе успешни проекти. Христов има повеќе ангажмани во минатото, последно го водеше Тиквеш, а претходно работеше во Борец, Работнички, Еуромилк Горно Лисиче, Македонија Ѓорче Петров и Шкендија, додека во меѓународната кариера работеше во Карабах и Зира. Веруваме дека неговото знаење, карактер и визија ќе бидат клучни во остварувањето на нашите цели. Нашата определба е јасна – експресно враќање на Пелистер во ПМФЛ.
Стартот на подготовките за новата сезона е закажан за 9 јули, кога ќе биде извршена и првата прозивка, со што официјално ќе започнеме со подготовките за предизвиците кои нèочекуваат“, потенцираа од клубот.

Битолчани ќе се обидат експресно да се вратат во прволигашкото друштво.

ПретходноНаковски Волеј ќе биде македонски претставник во Балканскиот Куп
СледноХаланд за „викиншка“ радост во Далас: Норвешка закажа осминафинале со Бразил (ВИДЕО)