Голема чест: Емил Рајковиќ ќе биде тренер – гостин на вицешампионот на НБА на летната лига!

118
фото: TOFAŞ Spor Kulübü (X)

Емил Рајковиќ, еден од нашите најдобри тренери, доби голема чест да биде дел од НБА летната лига. И тоа биде тренер – гостин во стручниот штаб на вицешампионот во најсилната лига во светот, составот на Сан Антонио Спарс.

Оваа летна лига ќе се одржи од 9 до 19 јули во Лас Вегас. Оваа лига по традиција се одржува во месец јули и служи за докажување на младите кошаркари кои тукушто влегле во НБА или пак се на чекор до потпис со некој клуб од НБА.

Инаку НБА за летната лига секоја година ангажира европски тренери, се со цел да се здобијат со искуство а и да видат како се работи во најсилната лига во светот. Македонскиот тренер овој месец ќе биде дел од Сан Антонио, во еден од најславните клубови во НБА. Секако дека ова ќе биде одлична можност за добивање на искуство за него.

ПретходноГотово е: Тонали потпишува за Тотенхем!
Следно“Бомба“ во НБА: Леброн во Денвер кај Јокиќ?!