Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина го заврши својот историски настап на Светското првенство, откако синоќа во првата елиминациска рунда загуби од домаќинот Соединетите Американски Држави во Сан Франциско со 2:0.
Веќе на почетокот, Босанците имаа две големи шанси за гол, но ниту Емедин Демировиќ, а малку подоцна и Керим Алајбеговиќ не успеаја да го совладаат американскиот голман.
За жал, по израмнетата игра и поништениот гол на Американците на средина од првото полувреме, следеше студен туш во 45-тата минута. По несмасна реакција и низа грешки во одбрана на БиХ, топката среќно дојде до Фоларин Балогун, кој постигна гол за 1:0.
Второто полувреме донесе огромни тензии на двете страни. Во 64-тата минута, натпреварот доби сосема нова димензија, откако Балогун, стрелецот на единствениот гол, доби директен црвен картон. До крајот од натпреварот, Босна и Херцеговина имаше повеќе играчи на теренот и целосно ја контролираше топката, но до крајот на натпреварот, Американците постигнаа уште еден гол преку Пулишиќ, кој оправдано беше поништен поради офсајд. Сепак, во 81-та минута Тилман постигна гол од слободен удар за 2:0 и ја испрати својата репрезентација во осминавиналето.










