Почина Крсто Станковски – човекот кој повеќе од три децении беше дел од МЗТ Скопје

147
Фото: МЗТ Скопје

Уште една култна личност од светот на спортот го напушти овој свет. МЗТ Скопје ја информира јавноста дека на 80-годишна возраст почина Крсто Станковски, кој три децении беше дел од „сино-белиот“ тим.

„Со неизмерна тага во срцата, ја информираме јавноста за заминувањето на нашиот Крсто Станковски, кој ноќеска почина на 80-годишна возраст.

Повеќе од три децении беше неразделен дел од МЗТ Скопје Аеродром – култна личност чие присуство, посветеност и љубов кон клубот се вградени во секој наш успех.

Зад себе остави неизбришлива трага и спомени што ќе живеат засекогаш меѓу сите што го познаваа.

Почивај во мир, Крсто. Вечна ти слава“, стои во соопштението на МЗТ Скопје. 

ПретходноМеси со прекрасен потег, Возиња во „транс“: Ќе го паметам ова додека сум жив (ВИДЕО)
СледноГолемото враќање на Јирген Клоп!