Божиновски и Начевски на списокот на ЕХФ за Европското првенство 2026

55

Европската ракометна федерација ги номинираше 16-те судиски парови кои ќе бидат задолжени за делење на правдата за Европското првенство во женска конкуренција кое ќе се игра во пет држави.

На списокот на ЕХФ се најде и македонската судиска двојка, Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Двајцата ќе треба да присуствуваат на подготвителниот семинар што ќе се одржи од 11 до 13 септември.

На Европското првенство ќе игра и македонската женска репрезентација.

Сите 16 судиски парови се од различни земји, а дополнително ќе бидат повикани уште два судиски парови со што ќе биде целосно комплетиран списокот на арбитри за ЕП 2026.

ПретходноГолемото враќање на Јирген Клоп!
СледноСо нов Американец, но без Јакимовски против Луксембург!