Богатото наследство на Кавадарци се оживува под светлата на новата сезона.
Вака денеска ГФК Тиквеш ги промовираше дресовите за новата сезона. Црвено-белите бои на ГФК Тиквеш 1930 го претставуваат натпреварувачкиот дух, чувството на припадност и одговорноста што ја носи секој играч кој стапнува на теренот.
Дресовите за сезоната 2026/2027, дизајнирани од #hummel, не се само сезонски производ; тие се модерна интерпретација на културата на клубот, која се протега од 1930 година до денес, велат од клубот.















