Нема голови на Ибериското дерби, на мега – дербито од 1/8 финалето на СП по првото полувреме меѓу Шпанија и Португалија кое се игра во Далас. Штета, ако се знае дека и двете селекции имаа по неколку шанси, закани по противничкиот гол. Нуњо Мендеш ја погоди и пречката. Шанси имаа и Роналдо двпати, Кансело.
Најголемата шанса за Шпанија ја имаше Ојарзабал, кој излезе сам пред Диого Кошта, но не го погоди голот.
И Олмо имаше зицер, а во 16.минута во една иста акции опасно се заканија Јамал и Баена.
Супер фудбал, атомски фудбал, но да биде перфектен ќе треба голови. На Шпанија ова и е петти меч на Мундијалот, а нејзината мрежа сеуште не се тресела.
Победникот од овој европски класик, во 1/4 финалето ќе игра против подобриот од дуелот САД – Белгија.










