Без победник во “македонското дерби“ во ЛШ, Рамадан со 1:1 на гостувањето во Литванија

176

Вечерва се одиграа дел од првите мечеви од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите. Вардар одигра катастрофално дома против КуПС и заслужено беше поразен со 0:2.

Инаку во Бања Лука се одигра “македонско дерби“ меѓу Борац (БиХ) и Левски Софија (Бугарија), кое заврши без победник 1:1. Во домашниот состав настапи репрезенетативецот на Македонија, Себастијан Херера додека голманот Дамјан Шишковски цел меч го преседе на клупата. Додека кај гостите настапи стоперот Никола Серафимов кој во 7.минута доби жолт картон, а во 57.минута беше повлечен од игра.

Јасно е дека по овие 1:1, патникот за втората рунда ќе се решава во Софија следната недела.

Македонскиот стратег Зекирија Рамадан со својата Дрита успеа да извлече одличен резултат на гостувањето во Литванија кај Кауно Жалгирис и тоа со 1:1. По овој резултат популарниот Зеко има големи шанси со победа во реваншот да го однесе својот тим во следната фаза.

ПретходноРистевски, Спировски, Мрмачовски и Димовски ја продолжија верноста со Пелистер!(ФОТО)
СледноОдиграни мечевите од првото и второто коло од Државното првенство