“Македонецот“ Волкановски го победи Ортега и го одбрани тронот (ВИДЕО)

757

Александар Волкановски, Австралијанецот со македонско потекло или „Александар Велики“ и натаму го држи тронот како најдобар во перо категорија во УФЦ.

Тој синоќа во Лас Вегас успеа да го победи Брајан Ортега од САД и тоа со едногласна одлука на судиите. Волкановски покажа дека и натаму е најдобар во моментов и дека сосема оправдано засега не му може никој ништо.

Ова е втора одбрана на тронот од страна на Волкановски и 20 триумф во серија во УФЦ-кариерата.

Интересно Волкановски е од татко Македонец,но е роден во Австралија и се бори под австралиското знаме.

ПретходноРадуловиќ: Не сме изразити фаворити, но МЗТ Скопје е шампионска екипа
СледноДаде гол со шише во рака на асистенција на Горан Пандев (ВИДЕО)