Васоски го објави стартниот состав за дуелот со Динамо Минск

135

На нешто повеќе од еден час до стартот на првиот меч од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции, меѓу Динамо Минск и Силекс, и официјално познати се стартните состави.

Александар Васоски, стратегот на нашиот тим овој меч ќе го стартува со следните единасеттмина:

Љ. Џеков, Бутуровиќ, Шуберт, Ѓ. Џеков, Пановски, Донов, Анѓелески, Ефтимов, Шеро, Богдановски и Хасукиќ.

Од ова се гледа дека кратовци имаат и тоа како изменет состав, посебно во нападот, во однос на минатата сезона. Од клубот си заминаа Додев, Алиќ, Пиреш и Мирчевски.

Сепак да се надеваме дека Силекс ќе успее вечерва (19 часот) во Стара Загора да дојде до добар резултат, реваншот се игра следниот четврток во Скопје.

ПретходноАгим Ибраими заминува од Партизани
СледноКаде е „Клајне“? – На “тренинг“ во Скопје или чека „дил“ со Брегалница?