И дефинитивно и овој Вимблдон, и овој гренд – слем турнир нема да биде историски за Новак Ѓоковиќ на кој тој ќе го подигне трофејот бр.25.
Јаник Синер попладнево во 1/2 финалето на Вимблдон успеа со 3:0 во сетови да го победи најдобриот на сите времиња и со тоа да покаже дека во моменто сепак е пресилен за Новак Ѓоковиќ. Со оваа победа Италијанецот си закажа финале на најпрестижниот турнир во светот на тенисот против Александар Зверев од Германија.
Новак одигра сосема коректно, посебно во првиот сет. Сепак кога требаше да дојде до значаен поен, до гем, некако Синер имаше секога спремен одговор. Тука се виде дека тешко ќе му биде на Новак да слави. Првиот сет Синер го доби со 6:4 во гемови.
Нешто слично се случуваше и во вториот сет, кој Јаник Синер исто го доби со 6:4 во гемови за водство од 2:0 во ова полуфинале.
Во третиот сет Новак го даде максимумот, но и тоа не беше доволно, и овој сет Синер го доби со 6:4 во гемови, па така на крајот мораше да му честита на подобриот од себе, во овој момент.










