Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по вчерашниот меч со Брентфорд зборуваше за напаѓачот Мохамед Салах, кој вчера со еден гол на мечот кој заврши нерешено (3:3) стана најбрзиот во клупската историја кој постигнал 100 гола во Премиер лигата.
„Ова е извонредна бројка. Пред неколку недели постигна 100 гола во Премиер лигата, а сега има 100 за Ливерпул. Но, ние веќе му дадовме дрес со број 100. Очигледно, ќе треба да дадеме уште еден. Сите знаеме дека ова е исклучителен резултат. Кога луѓето во иднина ќе зборуваат за играчите на овој тим, дефинитивно ќе го паметат Салах. Неговата статистика е неверојатна. Го познавам Мо, тој сега седи и размислува за двата бода што не ги освоивме. Тој е веројатно најбрзиот во клупската историја што постигнал 150 гола. Ова е несомнено извонредно достигнување“, рече Клоп.
Another record for Salah 🔥🔥
He is now only 1 of 4 players to reach 100 Premier League goals for @LFC 👏 pic.twitter.com/KWHQXK7lqO
— FOX Soccer (@FOXSoccer) September 25, 2021