Ромео Кастелен дел од новата управа на Брегалница

544

Во Штип на фудбалски план сеуште „врие“. Брегалница почна со подготовки но сеуште многу прашања околу клубот се отворени. Како од организациска, управувачка, структурална, така и спортска, тренерска, играчка….

Брегалница во моментов е на крстопат. Помеѓу оние кои што си заминуваат и оние кои што треба да го преземат клубот. Германскиот инвеститор пристигна, преговара, прави планови што и како понатаму. Со Влатко Костов како старо нов тренер, или пак со ново лице на клупата на Брегалница, реално сеуште не се знае.

Од друга страна пак на изненадување на многумина, како дел од новата структура во ФК Брегалница, во Штип пристигна и некогашниот холандски репрезентативец и играч на Феенорд, Хамбург, РКЦ Валвик, Ромео Кастелен.

Тој веќе неколку дена е во Штип и видно е вклучен во разговорите, преговорите. Што би била неговата улога во клубот, веројатно скаут кој што ќе одлучува за играчкиот кадар.

Тој за информација има десет настапи за репрезентацијата на Холандија, а има потекло од Суринам.

 

ПретходноКолумбија стравува од нов случај Ескобар: Смртни закани за Кампаз кој промаши златна шанса за четвртфинале
СледноГаштаров за СпортСпорт: Новиот договор е само мотивација да напредувам уште повеќе