Мекгрегор за 69 секунди борба заработи милиони долари

166

По пет години пензија, легендарниот Конор Мекгрегор синоќа во Лас Вегас, ја реактивираше својара УФЦ кариера. За жал на многумина неуспешно затоа што загуби од Макс Холовеј по само 69 секунди борба. Да, вистината е дека Мекгрегор и се повреди, но тоа и не е така важно кога зтанува збор за заработката од овој меч.

Ирецот ќе го напушти Лас Вегас со минимум 15 милиони евра повеќе на сметката, затоа што тоа беше загарантираната сума за него за влез во оваа борба. Без разлика истата како ќе заврши.

Ако на ова се додаде и процентот од преносот на самиот меч (PPV), како и спонзорските договори, таа сума може лесно да стигне и до 30 милиони.

Со ова тој дефинитивно покажа дека и покрај годините и реално не можноста да се бори на највисоко ниво повеќе, и натаму е врв во УФЦ кога станува збор за маркетинг.

ПретходноБашкими ќе стартува следнава недела
СледноЧетворица македонски тренери со ФИВБ Левел 2 лиценца