Вториот тим на Пелистер полека го комлетира ростерот за престојната сезона. Најново од таборот на битолчани е Александар Стојков, кој може да покрие две позиции, десното крило и десен бек.
Стојков во својата кариера има настапувано за тимовите на КЛ7, Алкалоид, Струга и Куманово.
Според најавите од Пелистер 2, во составот кој ќе го предводи Бранислав Ангеловски се очекува уште неколку засилувања за целосно комплетирање на тимот.










