Официјално: Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска!

129
ФОТО:Hrvatski nogometni savez (HNS)

Најавите и официјално се остварија, сега е веќе дефинитивно. Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) официјално објави дека Славен Билиќ е новиот селектор на Хрватска. По неуспешниот настап на „Коцкестите“ на Светското првенство и елиминацијата во првиот дел од нокаут фазата, Златко Далиќ ја напушти хрватската клупа.
Далиќ беше на позицијата селектор девет години и постигна неверојатни резултати на претходните две Светски првенства, но едноставно беше време да се збогува. ХНС не чекаше долго кога стануваше збор за неговиот наследник и многу брзо одлучи дека новиот хрватски селектор ќе биде Славен Билиќ, што официјално беше потврдено денес.

ПретходноМуарем Муарем ќе биде нов тренер на Скопје!
СледноТодоровиќ: Тимот го има најважното – хемија и квалитет!