Младинците ја запишаа првата победа на Европското првенство

301
Фото: РФМ

После четирите порази во низа, македонската младинска репрезентација го запиша првиот триумф на Европското првенство. Нашите момци беа подобри од селекцијата на Летонија со 35-31 во новоформираната група за разигрувањето за конечен пласман.

Победата е сосема заслужена, особено ако се земе во предвид дека во поголем дел од мечот водството го имаше токму Македонија. Клучниот момент за триумфот се случи во вториот дел, после 24-24, нашите ракометари со две серии успеаја да обезбедат позитива за мирен финиш. Поведоа со 27-24, а потоа и со 30-25 и го најавија првиот триумф. Инаку на полувремето, Македонија водеше со 16-13.

Лидери во нашиот тим беа Лазов со 9 погодоци и Лука Ѓоргиевски, кој постигна еден погодок помалку.

За која позиција ќе се бори нашата репрезентација на овој шампионат ќе биде познато по комплетирање на резултатите.

ПретходноВртоглаво растат цените на билетите за финалето на Светското првенство
СледноСилекс го распродаде дуелот со Динамо Минск