Денеска актуелниот македонски шампион, тимот на Вардар, од 17:00 часот гостува во Финска, кај тамошниот првак КуПС во рамките од првото квалификациско коло од Лигата на Шампионите.
Во услови во кои што за Вардар и се во моментов необични, со пролетна температура во јули, и вештачка подлога ќе се обиде да ја анулира предноста на противникот од Скопје, која што не е мала, (0:2) и да приреди вистинска сензација. Дали е тоа можно ќе видиме, и истото зависи од неколку фактори.
Како на пример…?
Ако тренерот на Вардар, Кристиан Фабиани коренито го промени стартниот состав и се откаже од дел од своите сонародници аргенцинци кои ни криви ни должни во Скопје добија статус на стартери. Ако тимот го промени односот на терен и почне да ја игра улогата на најдобар македонски фудбалски колектив во моментов, и одигра барем дел од на што го знае.
Конечно, ако покаже капацитет и подготвеност да одигра на потребното ниво на шампион.
Торес и Босанчиќ во „аут“
Вардар денеска дефинитивно е без Босанчиќ и Торес. Првиот во Скопје влезе во вториот дел, да поправи она што можеше да се поправа, но за десетина минути доби два жолти картони и исклучување. Торес пак е повреден и не е во можност да помогне.
„Варе Арена“ е распорадена
Информациите од Куопио велат дека денеска Вардар ќе игра пред полн капацитет на Варе Арената. Билетите се распорадени и домаќинот ќе има полни трибини поддршка.
Како што веќе напоменавме, вештачката трева исто така е голем плус за КуПС нешто што минатото лето Вардар во Лозана го чинеше дебакл од пет гола.










