Првпат во историјата – ТРИ победи на гости за нашите клубови

276

Елиминацијата на Вардар во првото коло од квалификациите за Лигата на шампионите значи и тоа дека „црвено-црните“ сега одат во понизок ранг – Конференциската лига. Следниот ривал е летонскиот првак Рига, а првиот дуел е идната недела во Скопје. Мала утеха за Вардар и нашиот клубски фудбал е тоа што првакот со победа е елиминиран и тоа победа на гостински терен кај КуПС (0:2), која е прва за „црвено-црната“ по онаа 1:2 и историската кај Фенербахче и пласманот во Лигата на Европа.

Ретки се моментите кога наши екипи победуваат како гости, но ете за само неколку дена ние имаме „три од три“. Во четвртокот Шкендија славеше на гости кај Европа во Гибралтар со (0:5), а победа на гости и тоа прва во историјата на клубот и за Силекс кој со 1:0 го победи Динамо Минск.

Ова се одлилни резултати за мак-фудбалот кој оди на линија помеѓу аматеризмот и професионализмот. Поради очајните резултати во минатото оваа сезона Македонија има само 3 тима кои не претставуваат во натпреварувањата на УЕФА наместо досегашните 4 кои беа во минатото. Рејтингот е многу битен и за поделба на средствата на УЕФА околу развојот на младинскиот фудбал па така на пример лани поради успехот на Шкендија секој прволигаш доби плус 50.000 евра донација од Нион (околу 180.000 евра по прволигаш).

 

ПретходноЕлена Ѓорѓиевска во дресот на Ц.Звезда
СледноМеси има ново најсилно оружје