Ракометниот интернационалец од Босна, Алем Хаџиќ и официјално повеќе не е дел од екипата на Е.Пелистер. Клубот предмалку објави дека се разделува со Хаџиќ, откако двете страни се договорија за предвремен спогодбен прекин на соработката.
Хаџиќ цели три години беше дел од битолскиот клуб, настапувајќи во огромен дел за Б екипата, а повремено и за првиот тим.
На само 17 години, тој дебитираше и се запиша во листата на стрелците за првиот тим на Еурофарм Пелистер во сениорската Лига на шампиони. Ги освои сите три титули првак на Македонија од 2023 до 2025 година.










