Аргентинската репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство по драматичен триумф над Англија, а по завршувањето на натпреварот, во соблекувалната на „гаучосите“ се одигра „третото полувреме“.
Со две асистенции на 39-годишниот волшебник Лео Меси, го победија Гордиот Албион со 2:1 и се пласираа во финалето на Светското првенство.
По завршувањето на возбудливиот натпревар, во соблекувалната на Аргентина следеше неописливо „лудило“!
Лео Меси и неговите соиграчи ќе играат против Шпанија во големото финале, тоа ќе биде прв пат во историјата актуелните светски и европски шампиони да се борат за титулата. Финалето е во недела, 19 јули во Њу Џерси во 21:00 часот.
The Argentina dressing room going CRAZYYYYYYYYYY!!!!!!pic.twitter.com/hBukqGBqyO
— WC 2026 (@Viralitity) July 15, 2026










