Ева Митевска со личен рекорд на ЕП У-18

48

Ева Митевска утрово настапи во квалификациите на 100 метри на Европското првенство во атлетика за атлетичари и атлетичарки до 18 години, кое се одржува во Риети, Италија.

Нашата атлетичарка и членка на АК Работнички трката ја истрча за 12.40 секунди, поставувајќи нов личен рекорд – најдобар резултат во нејзината досегашна кариера.

Во силна конкуренција од 40 атлетичарки од цела Европа, Ева го освои 35. место, стекнувајќи драгоцено меѓународно искуство на едно од најзначајните младински атлетски натпреварувања.

Честитки за Ева за одличниот настап и новиот личен рекорд!

Јасно е дела посакувањата се ова да биде само почеток на уште многу успеси и достојно претставување на Македонија на меѓународната сцена.

ПретходноШкендија вечерва против Европа ќе се “загрева“ за двомечот со Браво!
СледноМЗТ Скопје ги дозна противниците во групната фаза во ФИБА Европа Купот