Македонија на стартот е слободна, а стартуваме против Австрија

65

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците за следната фаза од квалификациите за ФИБА Евробаскет 2029.

Во групата сме заедно со Кипар и Австрија, противници кои што реално и ги посакувавме.

Откако се дозна групата, кратко потоа е познат и распоредот на мечеви на нашиот национален тим во оваа кампања.

Поради тоа што групата брои три репрезентации, Македонија ќе биде слободна во првото коло, а настапите ќе ги започне на 30 август 2026 година со гостување кај Австрија.

Првиот домашен натпревар нашата најдобра селекција ќе го одигра на 26 ноември 2026 година, кога ќе го пречека Кипар. Во февруарскиот квалификациски прозорец од 2027 година, Македонија најнапред ќе биде домаќин на Австрија, а циклусот ќе го заврши со гостување на Кипар.

Распоред на натпреварите – Група „Ф“

1. коло (27 август 2026)

  • Кипар – Австрија
  • Македонија е слободна

2. коло (30 август 2026)

  • Австрија – Македонија

3. коло (26 ноември 2026)

  • Македонија – Кипар

4. коло (29 ноември 2026)

  • Македонија е слободна

5. коло (25 февруари 2027)

  • Македонија – Австрија

6. коло (28 февруари 2027)

  • Кипар – Македонија

Македонската репрезентација во втората претквалификациска рунда ќе одигра четири натпревари, по два на домашен и на гостински терен, со цел да обезбеди пласман во следната фаза од квалификацискиот циклус за ФИБА Евробаскет 2029.

ПретходноВардар ќе мора да игра три меча во седум дена
СледноСтојановски: Нова шанса за репрезентативен успех, но мора да сме подготвени