Младиот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Марин Петков заминува во НЦАА лигата. Тој следната сезона ќе настапува за екипата на Универзитетот во Охајо.
23-годишниот Петков изминативе години имаше одлични настапи за шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Неговата агенција го потврди трансферот.










