Полувреме: Шкендија напаѓа, ама мрежите мируваат на Арената!

70

Нема голови по првото полувреме на реванш мечот од 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Шкендија и Европа од Гибралтар. Со оглед на резултатот од првиот меч, 5:0 за нашиот пртетставник, Шкендија во ова прво полувреме не се претргна нешто по секоја цена да постигне гол. Составот на стратегот Артим Положани имаше неколку шанси, па и зицери, во неколку наврати Тамба, па двапати Ндзенгуе, а гостите во 29.минута имаа зицер преку Ди Пиеди.

Сепак мрежите не се затресоа, па така на пауза се замина со тие почетни 0:0.

1.коло – квалификации во ЛК – реванш (5:0 прв меч)

ШКЕНДИЈА – ЕВРОПА 0:0 (0:0)

Национална Арена “Тодор Проески“ во Скопје. Судија: Антон Лашук (Белорусија). Стрелци:/.

ШКЕНДИЈА: Амзаи, Ислами, Фетаи, Трумчи, Димоски, Фреитас, Зејнулаи, Красниќи, Криезиу, Ндзенгуе, Тамба.

ЕВРОПА: Лопез, Баути, Висенте, Муелхи, Драмех, Фернандез, Кинтана, Хередиа, Руиз, Мпинди Ланду, Ди Пиеди.

ПретходноПолувреме на „Петар Милошевски“: Динамо Минск води против лошиот Силекс
СледноУбав гест на тетовци: Шкендија со специјален подарок за Алими кој пред два месеци играчки се пензионира!(ФОТО)