Штип УГД со нови договори за репрезентативците Илиев и Стојанов

39

Македонските одбојкарски репрезентативци Стојан Илиев и Давид Стојанов потпишаа нови договори со одбојкарскуиот првак на Македонија, екипата на Уштип УГД. Од клубот потврдија дека соработката и со двајцата репрезентативци ќе биде продолжена на уште една сезона, така што двоецот ќе остане да биде костур на тимот и за новата сезона.

„Столе Илиев и Давид Стојанов ја продолжија верноста кон клубот за уште една година! Раководството на нашиот клуб неуморно работи на конструирање на екипата која годинава за првпат ќе настапи во Лигата на шампионите“, напишаа од Штип УГД.

Штуипјани во дебитантската сезона во Лигата на шампионите на ЦЕВ за противник го добија силниот холандски првак Орион Старс.

ПретходноЈувентус потпиша со турскиот репрезентативец Челик
СледноДешан не им даде слободен ден на Французите пред мечот со Англија