Нова „бомба“ од Тетово: Македонски репрезентативец пред промоција во Тетово!

2863

Шкендија во следниот период треба да го промовира своето ново засилување. Тетовските „црвено-црни“ веќе си подале рака со македонскиот репрезентативец Јован Манев, кој ќе го засили одбранбениот бедем на актуелниот шампион.

Стоперот во Тетово доаѓа од редовите на Ријека. Иако има важечки договор со хрватскиот клуб, раководството на Шкендија одлучило да го откупи неговиот договор и на тој начин да го обезбеди неговиот трансфер.

Со ангажманот на Манев, Шкендија продолжува активно да го засилува тимот во пресрет на новата сезона и настапите на домашната и европската сцена. Ова е второ звучно засилување што „црвено-црните“ го подготвуваат, откако претходно денеска беше објавено и доаѓањето на Марко Ѓорѓиевски.

Манев важи за еден од најдобрите македонски дефанзивци од својата генерација и е стандарден репрезентативец. Во Ријека пристигна од Адана, настапуваше за Осијек, а беше дел од тимот на Брегалница, каде со своите игри го привлече вниманието и си обезбеди трансфер во посилен шампионат.

Неговото доаѓање треба дополнително да ја зацврсти одбраната на Шкендија во пресрет на предизвиците што ја очекуваат во новата сезона.

ПретходноБрегалница ги договори Кико Стојкоски и Филип Алексовски!
СледноСалах си најде нов клуб: Неговата плата ќе биде 10 милиони евра