Балканот “бруи“ за голот на Георг Стојановски, погледнете зошто!(ВИДЕО)

357
ФОТО:www.facebook.com/p/FC-Spartak-Varna

Новата сезона на Бугарската прва лига започна на спектакуларен начин, а веќе во првото коло, љубителите на фудбалот имаа можност да видат гол кој предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Стрелец на тој прв гол во сезоната беше Македонецот Георг Стојановски. Натпреварот помеѓу Спартак Варна и ЦСКА 1948 Софија заврши со резултат 2:2, но по последниот свиреж на судијата, најкоментираниот гол беше оној на Стојановски. Денеска цел Балкан “бруи“ за тоа како Македонецот се запиша во листата на стрелците.
Видеото од неговиот гол набрзо почна да кружи на интернет, а многумина го опишаа како еден од најбизарните и најнеобичните голови видени во последно време на Балканот.
Стојановски го доведе Спартак во водство веќе во 13-тата минута, искористувајќи необичен сплет на околности што резултираше со многу коментиран гол.
Погледнете подолу како изгледаше…

Нема сомнение дека голот на Георг Стојановски ќе остане меѓу најпаметните сцени од отворањето на сезоната, додека видеото од неговиот извонреден гол ќе го привлекува вниманието на љубителите на фудбалот долго време.

ПретходноСудии од Малта на мечот Вардар – Рига, Полјаци на реваншот во Летонија
СледноДешамп во неверување од барањето на неговите играчи пред натпреварот за бронза!