Шпанците предизвикале земјотрес со прославата на шампионскиот гол!

192

Научниците регистрирале мерлива сеизмичка активност по постигнувањето на победничкиот гол на Феран Торес во продолжението од финалето на Светското првенство, но и веднаш по последниот свиреж на судијата, кога Шпанија ја освои својата втора светска титула.

Истражувачите од Геонаучниот центар во Барселона анализирале податоци од Националниот географски институт на Шпанија (IGN) и Картографскиот и геолошки институт на Каталонија (ICGC), а резултатите покажале необични вибрации на земјата во неколку градови, вклучувајќи ги Барселона, Кадиз, Гранада и Алхесирас.

За време на финалето, сеизмометрите регистрираа три јасно изразени скокови во активноста. Првиот се случи по голот на Феран Торес во продолжението, вториот по уште еден гол кој подоцна беше поништен по проверката на ВАР, додека најсилниот беше забележан веднаш по завршувањето на натпреварот, кога илјадници навивачи почнаа да слават во исто време.

Научниците наведуваат дека станува збор за феномен познат како индуцирана сеизмичност, односно тресење на земјата предизвикано од човечка активност.

ПретходноСупер мотивација за Вардар: Премија од 100.000 евра доколку ја минат Рига
СледноДарко Велковски не игра со Рига, Матиќ со „бандаж“ на раката