Шкупи ја совлада екипата на Академија Пандев со 3:1 иако имаше негатива. Со оваа победа Шкупи остана на чело на табелата и се прикажа како еден од фаворитите за шампионската титула оваа сезона во ПМФЛ.
„Морам да им честитам на играчите за оваа победа. Ова е многу важна победа, мислам дека ги заслуживме трите бода. По примениот гол направив некои измени за да добиеме енергија на теренот и почнавме сериозно да напаѓаме. Не сакам да зборувам за пеналите, но можам да кажам дека направивме многу шанси и одигравме многу добро. Сега фокусот го насочуваме на следниот меч со Работнички кој исто така е важен и ги повикувам навивачите да направат добра атмосфера и заедно да славиме нова победа“, изјави Седлоски.
По 8. кола Шкупи е лидер со 17 бода.