Шкендија полета за Словенија и дуелот со Браво

93

Екипата на Шкендија попладнево полека за Словенија, каде што во четврток со почеток од 20:45 часот ќе го одигра првиот од двата дуела против екипата на Браво во рамките од второто квалификациско коло за Лигата на Конференции.

Тетовци одат засилени на овој дуел, со неколку нови имиња кои што ги промовираа во последните неколку дена, и со кои што Шкендија реално станува уште посилна.

Со Ѓорѓиевски и Манев тетовци и тоа како можат да се надеваат на поволен развој на настаните на ова гостување.

Со добар резултат, Шкендија ќе има одлична шанса за нов успех, елиминација на овој противник, а потоа и потенцијален дуел со Малишева од Косово или шкотски Хибернианс.

ПретходноСледниот викенд ПМФЛ програма: Вардар и Струга ТЛ домаќини во сабота, Шкендија ќе игра на ФФМ
СледноПрестон Лајонс го шокираа фаворитот Њукасл во Купот на Австралија (ВИДЕО)