Капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ, реален во која ситуација се наоѓа тимот по елиминацијата од КуПС во квалификациите за Лигата на Шампионите, смета дека утрешниот меч од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје против тимот на Рига од Летонија е еден вид поправен испит и шанса за нов успех во Европа. Второто квалификациско коло од Лигата на Конференции е на програмата, а Вардар има пред себе сериозен ривал.
„КуПС е минато. Не го добивме посакуваниот резултат, не поминавме, но покажавме карактер, и мотивација дека можеме да одиграме на повисоко ниво. Ќе бидеме заодоволни со било каков позитивен резултат. Во фудбалот не можеше да предвидуваш, но сепак, ќе дадеме се од себе. Спомената премија за евентуален наш пласман понатаму, е само плус врз мотивацијата единствено да се оди напред. Да го направиме ова европско лето уште поуспешно. Сакаме да направиме се за да ја израдуваме нашата публика, и да го прославиме заедно роднеденот на клубот кој што слави 79. години од постоењето“ – вели капитенот на Вардар, Азер Омерагиќ.










