Николов сепак во комбинација за вечерашниот дуел против Рига

239

Екипата на Вардар вечерва во рамките од второто квалификациско коло од Конференциската лига ја пречекува на свој терен летонска Рига. Мечот стартува од 20:00 часот секако на Арената Тодор Проески, а на терено во стартните единаесет на Вардар најверојатно ќе се појави и искусниот Бобан Николов.

Македонскиот репрезентативец има проблеми со коленото, истегнати лигаметни, но според последните информации, тој „ќе стисне заби“ и ќе одигра против Рига.

Вардар има проблеми со повредите во моментов, затоа што Дарко Велковски го мачи листот по дуелот со КуПС на гости, Мислав Матиќ исто така се жали на повреда, а аргентинецот Торес воопшто не е во комбинација, и нема да биде ниту во следните месец дена.

 

ПретходноВардар посакува роденденска забава по мерка
СледноПораз на Скопје на квалификацискиот турнир за ЛШ