Селекторот Миленкоски го објави поширокиот список за ЕвроВолеј 2026

57

Со повикот на 18 одбојкари, селекторот на одбојкарската репрезенатција на Македонија, Јошко Миленскоски, го објави поширокиот список за ЕвроВолеј 2026 година.

Македонија е дел од континенталниот шампионат, на кое што учевствуваме четврти пат едноподруго, а на самиот списпок поголеми изненадувања нема.

Миленкоски стандардно се потпира на оние репрезентативци кои го носеа товарот и досега. За разлика од настапот во Европската лига 2026 на списокот недостасуваат младиот среден блокер Митко Спасов, кој ќе има обврски со У20 селекцијата во Зонските квалификации за Европското првенство 2027, како и либерото Ване Арапов.

Првиот собир на репрезентацијата е закажан на 5 август на пладне во хотелот „Монтана“ во Крушево, каде екипата ќе го одработи првиот дел од подготовките за ЕвроВолеј 2026.

Европското првенство ќе се одржи од 9 до 26 септември во Италија, Бугарија, Романија и Финска.

Македонија е дел од групата Б во Софија, каде покрај домаќинот Бугарија (со кој го отвора првенството на 9 септември) за противници ги има и селекциите на Полска, Украина, Португалија и Израел.

ПретходноАВСТРИСКА ВЕЧЕР НА „ОХРИДСКО ЛЕТО” СО ПОДДРШКА НА КАСИНОС АВСТРИЈА ИНТЕРНЕШАНАЛ МАКЕДОНИЈА
СледноИвановски по голема борба и со пресврт до победа на турнирот во Олерсбах