Македонскиот репрезентативец до 17 години, Аеда Илјазовски е нов играч на екипата на Брондби.
Момчето родено во Данска, и кое што досега настапуваше за екипата на Б.93 преминува во еден од најголемите клубови во оваа земја.
Илјазовски нормално, со оглед на неговата 16. годишна возраст, засега ќе биде дел од У19 тимот, секако со намера да напредува и за брзо да се приклучи и на сериорскиот состав.
Илјазовски е инаку играч за врска и е еден од најперспективните млади репрезентативци кои што Македонија ги има во моментов.










