„Комити“ ги „пецнаа“ битолчани: Без образ и срам верувате дека Пелистер е Еурофарм

737

Вардар 1961 ја првата од четирите битки против Е.Пелистер во домашната сцена. Актуелниот македонски првак на домашен терен славеше со 29-25 во рамките на 4. коло во Супер-лигата и остана единствениот непоразен тим сезонава.

На трибините ги имаше верните „Комити“, кои дојдоа во поголема бројка, беа главната поддршка на „црвено-црните“ како и секогаш. Добро е познато дека дуелите меѓу Вардар и Пелистер секогаш биле жешки и меѓу навивачите.

„Комити“ овој пат ги „пецнаа“ битолчани, имаа подготвено посебен транспарент.

„Лажевте дека сте од 85-та, а сега без образ и срам верувате дека Пелистер е Еурофарм“.

ФОТО: ФБ/Комити

ПретходноЛина Ѓорческа со скок од 52 места на ВТА листата
СледноСинот на Драган Василов: Суперкупот во иднина да продолжи според главните принципи на мојот татко