Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа голем скок на најновата ВТА листа.
По ИТФ турнирот во Германија, на кој стигна до полуфиналето Ѓорческа направи скок од 52. места. Таа се најде на 275. место на ВТА листата и има 238 бодови.
За постетување, најдобрата македонска тенисерка во полуфиналето на ИТФ-фјучрсот во Визбаден, Германија беше поразена од првата носителка Клара Бурел.
Врвот и натаму и припаѓа на Ешли Барти, зад неа се Сабаленка и Плишкова.