Новиот мандат на Жозе Мурињо како тренер на Реал Мадрид, стартуваше со победа на пријателски натпревар. „Кралевите“ го добија третолигашот Алкоркон со 1:0, во меч во кој што Муруњо искористи голем дел на млади играчи од академијата на клубот.
Дуелот беше одигран на теренот „Алфредо ди Стефано“ што е дел од комплексот на клубот, а мора да се напомене дека овој меч беше отворен за медиумите само на почетокот.
Единствениот гол на овој меч го постигна Даниел Јањез.










