Во Охрид Супер милионер џек пот со преку 10 милиони денари

191

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ донесе уште еден повод за прослава, овојпат кај 11-тиот среќен добитник. Попладнето на 16 септември, Охрид беше епицентар на среќата, со освоени 10.059.121 денар.

Нашиот среќен добитник  З.Т. од Охрид е најновиот кој го дополнува списокот среќни добитници. Ни откри дека бил многу изненаден од добивката. Тој е вистински пример за непишаното правило „колку повеќе играш, толку поголеми се шансите за добивка“, бидејќи често играл и имал помали добивки, но немал никакво претчувство дека ќе ја добие најголемата. Сумата е голема, вели и најверојатно ќе ја вложи во недвижнини.

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ  е најголемата џек пот добивка, со можност за освојување до 12.000.000 денари. 

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно

 

ПретходноРоналдо вметна две јадења во менито на Јунајтед, соиграчите не се воодушевени
СледноПочина легендарниот кошаркар на Партизан