„Штиклата“ на Гаштаров го одбележа тренингот на Црвена Звезда (ВИДЕО)

209

Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров од летово е дел од првиот тим на Црвена Звезда, каде што се надеваме дека ќе се избори за доволна минутажа.

Позајмиците на кои што одеше младиот офанзивец очигледно дека имаа влијание врз неговата форма, и пред се квалитет, а тоа е проценето од страна на тренерот Дејан Станковиќ.

Гаштаров денеска на тренингот на Звезда, покажа зошто е таму каде што е во моментов, со прекрасен потег со „пета“ постигна гол во манир на големите звезди од ТОП пет лигите.

Несомнено каде што Гаштаров е тргнат да стигне со својот квалитет и потенцијал.

ПретходноХаосот во италијанскиот фудбал продолжува: Паоло Малдини и Леонардо си поднесоа оставки
СледноФазлагиќ е нов играч на Шкендија Арачиново