Селекторот оптимист: На Медитеранските Игри одиме на најмалку две победи

29
фото: CEV.eu

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот на Медитеранските игри во Таранто. Селекторот Гавриловиќ излезе со свои оценки на составот и очекувањата од претстојните натпревари.

„По кратка пауза повторно се собравме на подготовките за Медитеранските игри. Составот е малку сменет, не се сите девојки кои беа со нас и во првиот дел. Помладите ќе настапуваат за селекцијата до 20 години. На Медитеранските игри ќе се соочиме со репрезентации кои се на нашето ниво. Се надевам дека успеавме пред сѐ да се одмориме, но и да размислиме за сѐ – каде грешевме, кои работи беа добри и на што треба да продолжиме да работиме и да подобриме. На Медитеранските игри да отпатуваме со идеја да оствариме две победи, што е моја лична цел, а зошто да не и три. Ќе видиме и противниците во кој состав ќе дојдат, но во Таранто одиме на победа. Пред тоа ќе мора добро да се подготвиме и да работиме и да напреднеме повеќе од првиот собир“ – потенцира селекторот на нашата жеска репрезентација, Милош Гавриловиќ.

ПретходноСкандал во најава: Инфантино ќе го продава Светското првенство на приватни инвеститори?!
СледноБешикташ го губи трпението со Влаховиќ додека тој чека абер од Барселона