Како што информираат од редовите на Е. Пелистер, Томислав Кушан и официјално се пресели во Вецлар. Германскиот клуб ја платил отштетата и сега нема никакви пречки овој трансфер да се реализира.
Хрватскиот интернационалец со Е. Пелистер имаше договор до јуни следната година. Но битолчани му дозволија на Кушан да ја напушти Битола само ако се плати отштета, па така откако и тоа е решено, Вецлар доби квалитетен ракометар.