Наполи гази ли гази во Серија А. Шест меча, исто толку победи со гол разлика 16:2. Сите се воодушевени од игрите и победите на Наполитанците кои се предводени од стратегот Лучијано Спалети.
Па така и Џузепе Бергоми, некогашниот долгогодишен капитен на Интер и легендарен репрезентативец на Италија, кој беше дел од составот на “аѕурите“ кои во 1982 година станаа светски прваци на Мундијалот во Шпанија.
“Спалети прави добра работа со Наполи. Тајната на успехот на тој тим е во средниот ред, каде што е и Македонецот Елиф Елмас. Спалети секогаш игра со тројца во средниот ред, а еден од нив ја добива улогата да биде поофанзивен. Без разлика дали тоа е Зјелински или Елмас, секогаш ротацијата е погодена“ истакнува Бергоми.