Новопечениот македонски Дејвис Куп репрезентативец, Олег Приходко обезбеди пласман во финалето на ИТФ фјучерсот во Кошалин (Полска). Станува збор за фјучерс кој што се игра на земјени терени за награден фонд од 30.000 долари.
Приходко денеска во полуфиналето на турнирот славеше со максимални 2:0 против првиот носител, домашниот рекет Даниел Михалски. Олег издоминира во првиот сет со 6-1, додека во вториот доби посилен отпор, ама пронајде начин и со 6-4 ја затвори оваа полуфинална рунда.
Утре во финалниот меч Приходко за ривал ќе го има 22-годишниот Тиаго Переира од Португалија.










