Од актуелните стратези во ПМФЛ: Само Васоски е шампионски тренер!

107
ФОТО:.facebook.com/fcsileks/

Малку необично, па и неразбирливо е тоа што откако минатата недела стартуваше новата сезона во ПМФЛ а веќе викендов има пауза, поради празникот, но тоа е мак – фудбалот. Затоа со оглед на тоа дека нема прволигашки фудбал овој викенд време е за некои анализи, „приказни“ поврзани со нашата елитна фудбалска елита.

Па така ако погледнеме кои се тренери во моментов се во нашите десет прволигашки клубови, ќе забележиме дека само стратегот на Силекс, Александар Васоски е шампионски тренер. Имено само тој освоил титула во ПМФЛ и тоа со Вардар во сезоната 2019/20.

И само тој.

Навистина интересно.

Тиквеш го води Оливер Богатинов, Словенец со македонско потекло. Кавадарчани под негово водство имаа блескав старт. И ако го сметаме како странец, тогаш тој е еден од тројцата странски тренери кои работат во моментов во ПМФЛ.

Шкендија Тетово ја предводи Артим Положани, кој нема искуство како прв тренер, но стартот му е извонреден на клупата на еден од нашите најголеми клубови. Убедлива победа со Скопје и пласман во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции.

Бледи Шкендија и натаму ќе ја предводи Струга Трим Лум. Стратегот од Албанија покажа дека е добар тренер,но оваа сезона има задача да избори пласман во Европа.

Третиот странец е Кристијан Фабиани, тренерот на Вардар. Јасно им е на сите дека Аргентинецот не е достоен да го предводи нашиот најголем фудбалски бренд. Победа против Брегалница и рана елиминација од Европа. Со овој тренер тешко дека шампионот ќе може да се носи со Шкендија во битката за титулата.

По заминувањето на Влатко Костов, искусниот Никола Кузманов се нафати да седне на клупата на Брегалница. Ќе видиме како ќе снајде тој во овие околности во кои се наоѓа гордоста на Штип.

По Гостивар, Башкими и Работнички, Муарем Муарем седна на клупата на Скопје. Клуб кој има амбиции да избори опстанок во елитата.

Арсими не менуваше ништо на клупата. Откако минатата сезона во своето деби избори опстанок со Вилдан Салиу, јасно беше дека тој ја има довербата, барем засега, од страна на раководството на клубот.

Берат Имери е на клупата на Шкендија Арачиново, дебитантот во ПМФЛ. Иако тимот од Арачиново на стартот од сезоната беше поразен убедливо во Струга, сепак покажа дека тоа е интересен состав кој има квалитет да се бори за опстанок.

На Башкими ќе му биде најтешко. Во првото коло играше со младинци, а засега е предводен од Гајур Реџепи. Станува збор за некогашен познат фудбалер, беше дел од Тетекс а како тренер има работено во младинските категории на Шкендија Тетово.

Па така од сите овие десет тренери само Александар Васоски досега се радувал на титула во ПМФЛ, само тој го носи епитетот – шампионски тренер.

КЛУБОВИ И ТРЕНЕРИ

СИЛЕКС (Александар Васоски)

ТИКВЕШ (Оливер Богатинов – Словенија)

ШКЕНДИЈА ТЕТОВО (Артим Положани)

СТРУГА ТЛ (Бледи Шкемби – Албанија)

ВАРДАР (Кристијан Фабиани – Аргентина)

БРЕГАЛНИЦА (Никола Кузманов)

СКОПЈЕ (Муарем Муарем)

АРСИМИ (Вилдан Салиу)

ШКЕНДИЈА АРАЧИНОВО (Берат Имери)

БАШКИМИ (Гајур Реџепи)

ПретходноПриходко поразен во финалето на М 25 турнирот во Козалин
СледноФешта во Неапол – Де Лаурентис најави уште посилен Наполи!