Еве зошто Новак е посебен: „Некои луѓе освојуваат трофеи, а некои срца. Новак успеа да ги направи и двете!“

124
ФОТО:Printskrin/Instagram alexa_hairstylist_

И дефинитивно најдобриот на сите времиња уште еднаш покажа зошто е посебен. Новак Ѓоковиќ ќе помине уште неколку дена на одмор пред да ги започне подготовките за патувањето во Америка, каде што прво ќе се натпреварува на Мастерсот во Синсинати, а потоа на Отвореното првенство на САД, последниот Гренд слем во сезоната.
Кога сте Новак Ѓоковиќ, тогаш е многу тешко вашиот одмор да не помине без да побарате слика или автограм од него.

Ноле моментално е во Црна Гора, уживајќи во шармот на Јадранското Море, но речиси секој ден можеме да видиме слики од него како прави вежби на плажа или крстари на јахта со своето семејство. На социјалните мрежи се појави фотографија која стана вирална, на која се гледа како најдобриот тенисер на сите времиња направил селфи со сосема непознати луѓе на брод кои го замолиле да го направи тоа.
Една од жените, која е на сликата, објави и порака што најдобро го опишува она што всушност е Ѓоковиќ – ГОАТ и на теренот и надвор од него.

“Некои луѓе освојуваат трофеи, а некои луѓе освојуваат срца. Новак успеа и во двете.
Ви благодариме што застанавте, одвоивте еден момент за нас и уште еднаш покажавте зошто сте многу повеќе од најдобриот тенисер на сите времиња.
Вашата скромност, насмевка и човечност вредат колку сите ваши успеси. Ова не е само најдоброто селфи што го имам.
Ова е спомен што ќе го негувам засекогаш.
Ви благодарам, легендо. Уште еднаш покажавте каков човек сте“.

Порака на Инстаграм

ПретходноПолска ги порази САД и остана на тронот на Лигата на Нации